Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 17. август 2016 (ИНПРЕС) – Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги возобнови барањата на Грција за исплата на воени репарации од страна на Германија, за нацистичките злосторства извршени во земјата за време на Втората светска војна, објави електронското издание на весникот „Катимерини“.
– Доколку биде потребно ќе го изодам целиот пат, прво дипломатски, а потоа и законски, за да ги добиеме воените репарации, изјави Ципрас за време на комеморацијата за жртвите на нацистичкиот масакр во селото Комено во севрозападниот дел на Грција.
Во ова село на 16 август 1943 година германските нацистички војници стрелале над 300 локални жители.
Ципрас најави дека посебна комисија на неговата партија Сириза изработила заклучоци во врска со грчките барање за воени репарации од Германија, кои на почетокот на септември ќе бидат доставени на разгледување во грчкиот Парламент.
Германија од своја страна досега во неколку наврати потенцираше дека ова прашање е затворено со серија договори склучени меѓу двете земји по Втората светска војна. (Крај)
извор: Плус Инфо фото: архива
