Атина, 4. јули 2015 (ИНПРЕС) – Доцна синоќа грчкиот премиер Алексис Ципрас ги повика Грците да гласаат против договорот со доверителите за време на референдумот утре, пишува весникот Voice of America.
Ципрас рече дека гласањето со “не” ќе и даде шанса на Грција да “живее со достоинство во Европа”, како и ќе и вдахне повеќе сили во преговорите со доверителите.
Тој говореше пред 25 илјади луѓе кои се собраа во центарот на Атина, за да го поддржат отфрлањето на договорот.
На места избувнаа краткотрајни судири меѓу демонстрантите и полицијата, но ситуацијата брзо се нормализираше. За време на протестите се уапсени две лица.
Други 20 илјади луѓе се собраа во грчката престолнина со поддршка на договорот со доверителите. Тие носеа проевропски слогани и изразија загриженост од излегувањето на земјата од еврозоната, во случај негативното гласање да надвладее. (Крај)
извор: Voice of America фото: архива






