Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 28. март 2015 (ИНПРЕС) – Рејтинг агенцијата Fitch го намали рејтингот на Грција, повикувајќи се на “исклучителниот притисок врз грчката влада”.
Сепак агенцијата очекува владата да го преживее овој притисок, пренесоа американските медиуми. Ова се случува во услови на растечка несигурност во врска со способноста на владата да ги спроведе потребните реформи, да се справи со исплатата на спасувачките заеми и да избегне банкрот.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас веќе предупреди дека земјата нема да може да го плаќа својот долг во наредните недели, ако ЕУ и не обезбеди на оваа балканска земја краткорочна финансиска помош.
Предупредувањето на Ципрас се совпаѓа со зголемените стравувања дека Атина се соочува со сериозна тешкотија во однос на исплата на пензиите и платите до крајот на март и дека земјата може да остане без готовина до крајот на април. (Крај)
извор: novinite фото: архива
