January 4, 2016

Атина, 4. јануари 2016 (ИНПРЕС) – Грчкиот премиер Алексис Ципрас предупреди дека нема да отстапи пред „неразумните барања“ од страна на кредиторите на Грција во момент, кога претстојат преговори за промените во пензискиот систем.

– Кредиторите треба да знаат дека целосно ја почитуваме спогодбата, но тоа не значи дека отстапуваме пред неразумни и неправедни барања, изјави тој во интервју објавено од весникот „Риал њуз.“

– Не се заложивме да ги пронајдеме парите единствено со намалување на пензиите. Напротив спогодбата предвидува можност за еквивалетни мерки, какви што веќе презедовме, рече Ципрас.

Тој сепак призна дека пензискиот систем е на работ на уривање и дека треба да биде реформиран. (Крај)

извор: Р.С.Европа фото: архива