September 14, 2015

Атина, 14. септември 2015 (ИНПРЕС) – Грција ќе има влада следниот ден по изборите, изјави лидерот на Сириза Алексис Ципрас.

– Она што е во прашање е дали ќе имаме прогресивна влада со Сириза која ќе отвори патишта, или влада која ќе го претставува стариот политички систем, вели Ципрас.

Ципрас истакна дека ако нема парламентарно мнозинство, ќе го земе мандатот и ќе формира влада во рок од три дена. (Крај)

извор: balkaninsight фото: архива