September 17, 2015

Атина, 17. септември 2015 (ИНПРЕС) – Изборната трка во недела е втор референдум за иднината на Грција, изјави лидерот на Сириза, Алексис Ципрас.

– Битката на 20 септември е вториот голем референдум за иднината на нашиот народ и нашата земја. Во недела гласаме против враќањето на старата статус кво на потчинетост, зависност, корупција и лични интереси, истакна Ципрас.

Тој ги повика гласачите да ја отфрлат Нова демократија, која, според него, во најдобро светло го претставува „системот на личните интереси и зависноста од конзерватизмот и олигархијата“. (Крај)

извор: Katimerini фото: архива