July 18, 2015

Атина, 18. јули 2015 (ИНПРЕС) – Премиерот на Грција, Алексис Ципрас направи промени во владата, ден по сериозниот бунт во неговата радикална левичарска партија СИРИЗА против договорот за финансиска помош на земјата, пренесе АФП.

Панос Скурлетис е новиот министер за енергетика на Грција. Тој ќе го замени Панајотис Лафазанис, кој гласаше против реформите потребни за издавање на трет пакет финансиска помош за Грција.

Промените во составот на грчката влада се реализирани од премиерот Алексис Ципрас, соопштува телевизија “Скај”, која поседува официјалниот список со имињата на новите министри.

Трифун Александрис е заменик-министер за финансии и ќе го замени Надја Валаам, а министерот за финансии Евклид Цакалотос останува на функцијата. (Крај)

извор: АФП фото: архива