Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 29. март 2015 (ИНПРЕС) – Нема да има намалување на платите и пензиите. Нема да има масовни отпуштања и намалувања ниту други слични мерки кои треба да доведат до сериозна социјална криза во земјата, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој ја отфрли и можноста во земјата да се одржат нови предвремени парламентарни избори.
– Во оваа фаза не гледам потреба од средба на лидерите на политичките партии. Јас сум подготвен да се сретнам со лидерот на Нова демократија и поранешен премиер Андонис Самарас, ако тој има желба да добие информации за случувањата во државата, појасни гршкиот премиер.
Според него, проблемот со ликвидноста, со кој се соочува грчката економија, ќе биде решен при завршувањето на преговорите со Брисел за реформите.
– Нема потреба од трет заем или нов меморандум, рече уште Ципрас кој категорично го заштити министерот за финансии Јанис Варуфакис. Според него има „организиран напад за негова дискредитација“. „Јас лично сум задоволен од неговата работа“, нагласи Ципрас.
– Борбата против корупцијата останува меѓу приоритетите на Владата, рече Ципрас и појасни дека кога станува збор за приватизација, владата не го користи овој термин, бидејќи станува збор за „конзорциуми со големо државно учество, за да може да се заштити јавниот интерес“. (Крај)
извор: АФП фото: АП
