Москва, 9. април 2015 (ИНПРЕС) – Европа треба да соработува со Русија во борбата против растечката закана од тероризам, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас, за време на средбата со претседателот на Државната Дума Сергеј Наришкин во Москва.
– Некои од нашите партнери во Европа велат дека единствената опасност доаѓа од север. Но, ние гледаме дека опасноста доаѓа од џихадистите, изјави Ципрас. „Со тероризмот не може да се справиме без помош на Русија“, истакна тој.
Грчкиот премиер, исто така, истакна дека договорот меѓу Русија и Грција во голем број индустрии, како што енергетиката, трговијата, туризмот и културата, ќе придонесе за создавање на стабилност.
Ципрас потврди дека позицијата на грчката влада во однос на санкциите на ЕУ против Русија останува непроменета. „Санкциите не водат накаде“, рече тој.
Грчкиот премиер го изрази уверувањето дека неговата посета на Москва е „важен елемент за градење на односи на доверба меѓу двете земји“. За време на средбата тој изјави дека „неговата земја го поддржува договорот постигнат во Минск и е против ескалацијата на „економската војна“. (Крај)
извор: ИТАР-ТАСС фото: архива
