Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Ципрас не присуствувал на состанокот за борбата против ИСИС заради уставното име на Р. Македонија

Ципрас не присуствувал на состанокот за борбата против ИСИС заради уставното име на Р. Македонија


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Њујорк, 30. септември 2015 (ИНПРЕС) – Грчкиот премиер Алексис Ципрас, поради Македонија, одбил да присуствува на Генералното собрание на ОН на состанокот за борбата против ИСИС, јавува Мета.

Ниту Ципрас, ниту грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас не се појавија бидејќи Македонија на него учествуваше под уставното име.

Според извори од кабинетот на Ципрас, тој не присуствувал од две причини, едната бидејќи наместо под референцата БЈРМ, Македонија беше претставена под уставното име, додека втората причина, според Атина, била фактот што Ципрас немал право на коментар на самиот состанок, односно немало да биде во можност воопшто да ги произнесе своите ставови и впечатоци за идните планови за справување со џихадистите.

И покрај тоа што Ципрас отсуствуваше од состанокот, сепак ден по неговиот кус неформален разговор со Груевски, и шефот на грчката дипломатија Коѕиас се сретнал со Груевски.

Тој објави заедничка фотографија со Груевски на Твитер, но ниту тој, ниту грчкото Министерство за надворешни работи не известија што било дискутирано на оваа средба. (Крај)

извор: Мета фото: архива

Post navigation

Previous Тачи: Косово доби согласност од НАТО за формирање армија
Next Протестна нота на Српската мисија во ОН поради присуството на Косово

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.