Атина, 6. март 2015 (ИНПРЕС) – Грчкиот премиер Алексис Ципрас побарал состанок со шефот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, соопшти владин извор, откако Атина не доби помош од Европската централна банка.
– Премиерот го повика г-дин Јункер да се сретнат следната недела, изјави владин извор. Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ претходно соопшти дека Ципрас побарал да се види со Јункер денес, но неговото барање било одбиено.
Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги изјави вчера дека финансиската институција е подготвена да го продолжи финансирањето на грчките банки, штом Атина постигне договор со своите партнери од еврозоната.
– ЕЦБ е првата која сака да го обнови кредитирањето на грчката економија, обезбедувајќи услови за тоа, рече Драги. (Крај)
извор: АФП фото: АП







