Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Ципрас побара од Меркел да испрати експерти за примена на спогодбата ЕУ-Турција

Ципрас побара од Меркел да испрати експерти за примена на спогодбата ЕУ-Турција

Атина, 23. март 2016 (ИНПРЕС) – Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја повика германската канцеларка Ангела Меркел што поскоро во Грција да испрати експерти кои ќе помогнат во примената на многу критикуваната спогодба меѓу ЕУ и Турција, која предвидува враќање назад во Турција на илјадници баратели на азил, информира ДПА.

– Во телефонскиот разговор Ципрас побара, исто така, Меркел да изврши притисок врз Турција за разбивање на шверцерските мрежи и да го засили присуството на НАТО во Егејско Море, изјави владиниот портпарол Олга Геровасили.

Спогодбата, што минатата недела беше одобрена од лидерите на ЕУ и Турција во Брисел, предвидува сите мигранти кои пристигнале на грчките острови по 20 март, а кои немаат право на азил, да бидат враќани во Турција.

Спогодбата во следните шест месеци ЕУ ќе ја чини 280 милиони евра и бара разместување во Грција на 4.000 експерти за бегалски прашања, судии, преведувачи, полицајци и други профили, посочија извори од ЕУ.

Германското Министерство за миграција и бегалци денеска соопшти дека група од петмина експерти во следните неколку дена треба да замине за Грција за да ја процени ситуацијата на лице место. (Крај)

извор: МИА фото: архива

Post navigation

Previous Во Грција истрага за флаерот со кој бегалците во Идомени се повикуваат илегално да влезат во Македонија
Next Бегалците на грчко-македонската граница изразија жалење за нападите во Брисел

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.