May 28, 2016

Атина, 28. мај 2016 (ИНПРЕС) – Грчкиот премиер Алексис Ципрас го оквалификува продлабочувањето на врските со Русија како стратешки избор на Атина.

– Би сакал да истакнам дека е наш стратешки избор зајакнувањето на врските со Русија, бидејќи имаме историски блиски религиозни и духовни врски, бидејќи пред нас има можности за зајакнување на економската соработка, а исто така за зајакнување на стабилноста и мирот во регионот, изјави Ципрас на средба по пристигнувањето во посета на Атина на руски претседател Владимир Путин.

– Господине претседател, со голема радост ве примам во претседателската палата како претседател и лидер на Русија – една голема и пријателска држава, рече за возврат прфетседателотна Грција Прокопис Павлопулос при пречекот на Путин.

Русија и Грција имаат перспективи за развој на билатералните економски врски, изјави за возврат гостинот.

– Се разбира, проблемите денес се многу и времињата се многу софистицирани, но перспективи ние категорично имаме, истакна Путин.

Тој ги повика “да се ​​трансформираат исклучително добрите меѓусебни односи и чувства на двата народа во економскиот и стратешкиот развој”. Според зборовите на рускиот претседател станува збор за соработка во областа на енергијата, високата технологија и инфраструктурата, а исто и за заедничките инвестиции. (Крај)

извор: Локално фото: архива