Охрид, 2. фервруари 2026 (ИНПРЕС) – Црвен крст Охрид објави конкурс за обука за негувател/ка за помош и нега на стари лица.
Сите заинтересирани лица од Општина Охрид кои сакаат да ја следат обуката и да се стекнат со верификуван сертификат за негувател/ка за помош и нега на стари лица може да се пријават од денес, па сѐ до 16-ти февруари.
– Кандидатите треба да се државјани на Република Македонија, да се полнолетни, со минимум завршено средно образование, со општа психофизичка и здравствена способност за работа, да бидат мотивирани да нудат помош и нега на стари лица и да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во Центарот за нега про Црвен крст Охрид. Заинтересираните кандидати може да се пријават и да искажат интерес на телефоните 046/261-909 и 070/315-309 или на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, а документите да гидостават во просториите на Црвен крст Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр. 52, најдоцна до 16-ти февруари, до 15:00 часот, информираат од Црвен крст Охрид.
Кандидатите кои ги исполнуваат барањата и критериумите ќе посетуваат соодветна обука според верификувана програма, спроведена од стручен тим на предавачи и демонстратори.
По успешно завршената обука кандидатите ќе имаат можност да бидат работно ангажирани како негуватели во Нега центарот на охридскиот Црвен крст. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
