Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

1 min read
Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Охрид, 18. февруари 2025 (ИНПРЕС) – По повод 17-ти март, Денот на крводарителството во Република Македонија, Црвен крст Охрид традиционално им доделува јубилејни признанија на крводарители кои дарувале крв 5, 10, 25, 50, 75 и 100 пати.

Во таа насока, Црвен крст Охрид ги повикува крводарителите кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања во текот на изминатата 2024 година или кои не го подигнале признанието од минатите години, да се пријават во просториите на организацијата на улица „Димитар Влахов“ бр. 52, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

– Пријавувањето е потребно да се изврши со приложување дарителска книшка во која се евидентирани крводарувањата, со што ќе се потврди бројот на крводарувања.Крајниот рок за пријавување за овогодинешните признанија е 5-ти март. Признанијата ќе бидат доделени на пригодна свеченост во втората половина од месец март, информираат од Црвен крст Охрид, од каде изразуваат огромна благодарност и почит кон сите крводарители, како и кон поединци, фирми и институции кои го помагаат развојот и унапредувањето на крводарителството во Охрид и Дебрца. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Неделава ќе се знае дали Владата ќе го прифати предлогот на Комората на трговци за поевтинување на 100 до 200 производи
Next Од утре градежни активности на патниот правец Охрид-Св. Наум

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.