Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ЦЈЗ: И денешните анализи покажаа дека параметрите на водата за пиење се во граници на законски пропишаните вредности

ЦЈЗ: И денешните анализи покажаа дека параметрите на водата за пиење се во граници на законски пропишаните вредности

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 25. јануари 2024 (ИНПРЕС) – Од Центарот за јавно здравке Охрид информираат дека и денешните првични физичко-хемиски анализи на примероци на вода за пиење од градската водоводна мрежа во Охрид, земени и анализирани по санирањето на дефектот и нормализирањето на водоснабдувањето, покажуваат дека нема отстапување од законски дозволените вредности на соодветните параметри, вклучително и параметарот матност.

– Во сите контролирани примероци на вода за пиење констатирано е и присуство на дезинфекционо средство (резидуален хлор) согласно законските прописи. Мониторирањето на специфичните индикаторски параметри во водата за пиење со почеста динамика, од страна на Центарот за јавно здравје Охрид ќе продолжи и во текот на наредните 2 дена, сѐ до конечните резултати од комплетната физичко-хемиска и микробиолошка анализа на претходно земените примероци на вода за пиење од градската водоводна мрежа во Охрид, кои се очекуваат во текот на утрешниот ден, велат од ЦЈЗ.

Оттаму им укажуваат на граѓаните дека доколку забележат заматеност на водата за пиење при течење од чешмите, да не ја користат истата за пиење, сѐ додека, после течење од 5-10 минути, водата не се избистри. Ако и после тој период на течење, водата од чешмата е сѐ уште матна, да не ја користат за пиење и да се обратат до ЈП „Водовод“ Охрид или ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Бислимоски: Во јануарските сметки за струја нема да има надомест од 200 денари за пристап до мрежа
Next Ковачевски ја достави оставката до Собранието

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.