Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ЦЈЗ: Микробиолошките и услугите за здравствено хигиенски прегледи од денес достапни секој работен ден од 06:30 до 15:00 часот

ЦЈЗ: Микробиолошките и услугите за здравствено хигиенски прегледи од денес достапни секој работен ден од 06:30 до 15:00 часот

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 1. јули 2024 (ИНПРЕС) – Почнувајќи од денес, 1-ви јули, па сѐ до 31-ви август микробиолошките услуги и услугите за здравствено хигиенски прегледи (санитарни книшки) ќе бидат достапни секој работен ден од 06:30 до 15:00 часот, информираат од охридскиот Центар за јавно здравје (ЦЈЗ).

Покрај тоа, секоја сабота, од 08:00 до 12:00 часот вработените во микробиолошката лабораторија ќе бидат на располагање на своето работно место, за потребите на пациентите за микробиолошки анализи на хуман материјал. Оттаму велат дека целта е да прилагоди достапноста на нивните услуги до потребите на корисниците.

– Потсетуваме дека со цел намалување на ризиците и спречување на штетните ефекти од надворешните топлотни влијанија предизвикани од високите температури врз здравјето на луѓето, во летниот период, за сите ранливи категории на граѓани: стари лица, хронично болни, лица со хендикеп, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени, доенчиња, кои имаат потреба од лабораториски микробиолошки услуги, Центар за јавно здравје Охрид става на располагање мобилни тимови подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид за да ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа и ги извршат потребните административни формалности, а по завршување на анализата, да Ви ги достават соодветните наоди/резултати. Доволно е да поседувате уредно издаден упат од вашиот матичен лекар и да се јавите на еден од нашите телефони 078 488-255 или 078 488-262, секој работен ден, најдоцна до 13:00 часот, каде ќе дадете податоци за Вашата адреса и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши, согласно упатот од матичен лекар, информираат од ЦЈЗ. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous МВР: Чекањето на ГП Табановце за влез и излез од државата е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Србија
Next Свикана 43. седница на Советот на Општина Охрид

Слични вести

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија
1 min read

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.