Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ЦЈЗ Охрид: Пред почетокот на школската година, подготвени сме за обавување на здравствени прегледи кај децата

ЦЈЗ Охрид: Пред почетокот на школската година, подготвени сме за обавување на здравствени прегледи кај децата

1 min read

Охрид, 17. август 2023 (ИНПРЕС) – Од Центарот за јавно здравје од Охрид информираат дека се подготвени, навремено, пред почетокот на уште една школска година, да одговорат на потребите за обавување на здравствен преглед на децата за земање и микробиолошка анализа на брис од грло и нос.

Истото е во насока на спроведување на ефикасна здравствена заштита и превенирање на појава и ширење на бактериски инфекции во образовните установи во Охрид, со посебен акцент на предшколските установи-детските градинки, а согласно барањата од Законот за здравствена заштита.

– Потребно е да имате уреден упат од матичниот лекар на Вашето дете и документ за идентификација на носителот на здравственото осигурување. Уверете се во брзата, ефикасна, стручна и професионална услуга и точноста на нашите резултати/наоди, како и во бројни интересни содржини и изненадувања наменети за нашите најмлади пациенти, дечињата, со цел да се чувствуваат пријатно и заборават на стравот при вршењето на медицинските третмани во нашата установа, информираат од Центарот.

Услугата може да се добие секој работен ден во периодот од 07:00 до 14:00 часот и во сабота од 08:00 до 11:00 часот.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Успешен старт на Вардар и Алкалоид на Струшкиот ракометен турнир
Next Во јуни во Охрид издадени се 7 одобренија за градба, планирана е изградба на 12 станови

Слични вести

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга „Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.