July 31, 2014

Букурешт, 30. јули 2014 (ИНПРЕС) – Едно лице загина, а четворица се прогласени за исчезнати од почетокот на поплавите, кои погодија десетици области во јужна Романија, пренесе AФП.

Арджеш е една од најтешко погодените области. Околу 400 лица биле спасени од надојдените води.

Близу 1.100 куќи и повеќе мостови се поплавени во вкупно 63 населени места во земјата. Во спасувачките операции учествуваат околу 2.200 полицајци и пожарникари, како и други спасувачи. (Крај)

извор: АФП фото: архива