April 18, 2018

Охрид, 18. април 2018 (ИНПРЕС) – Утре во Охрид ќе се одржи Генералното собрание на Асоцијацијата на Шефови на полициски служби на Југоисточна Европа (SEPCA).

На Генералното собрание кое ќе се одржи во хотелот „Инекс“ со почеток во 10:00 часот, ќе присуствува и Министерот за внатрешни работи во Владата на Република Македонија Оливер Спасовски.

SEPCA е асоцијација на шефови на полиции во Југоисточна Европа и работи на зајакнување на полициската соработка, не само во регионот, туку и пошироко, особено во делот на размена на информации и податоци со цел успешна реализација на заедничките активности во борбата против транс-граничниот криминал. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива