Софија, 16. септември 2015 (ИНПРЕС) – Бугарија ќе биде еден од најголемите профитабилни региони од енергетската унија од гледна точка на енергетска безбедност и подобро поврзување со соседите.
Ова ќе придонесе и за диверзификација на давателите на енергија за Бугарија, рече заменик-претседателот на Европската комисија, Марони Шефчович, кој ќе ги претстави во Софија придобивките од енергетската унија за земјата и Југоисточна Европа.
– Верувам дека за Бугарија ќе биде многу подобро ако може да испорачува гас, на пример, од три различни извори. Работиме токму на таквата стратегија и анализа како најдобро може да се постигне тоа, рече Шефчович. (Крај)
извор: Новините фото: архива
