January 25, 2015

Чачак, 25. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Српските радикали веќе напролет ќе почнат со протести против актуелната власт, порача од Чачак лидерот на СРС Воислав Шешељ.

– Ја чекаме пролетта и започнуваме со митинзи. Оваа власт нема да издржи долго и очекуваме избори веќе до крајот на годината, изјавил Шешељ.

Тој најави обновување и консолидирање на редовите на партијата по неговото враќање од Хаг.

– На Вучиќ и Николиќ им истекува рокот на траење што се гледа од настапите на западните дипломати и пишувањето на странските медиуми. Трпат големи притисоци за да за се заокружи процесот со независноста на Косово и Метохија, а кога тоа ќе заврши ќе бидат пуштени низ вода, оценил Шешељ.

Во врска со процесот кој се води против него во Хаг, Шешељ со став дека се работи за исполитизирана постапка и дека таа институција има „антисрпски карактер“.

– Со години го предизвикував Хашкиот суд да ме обвини, затоа што знаев дека не можат да „ми залепат“ ниту едно злосторство. Пресудите кои се носат во Хаг се политички и со многу грешки, изјавил Шешељ и додал дека нема доброволно да се врати во Хаг.

– Нека ме уапсат моите соучесници во неделата за кои ме обвинуваат, додал лидерот на српските радикали. (Крај)

извор: Б92 фото: Танјуг