Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Шојбле: Верувам дека Грција ќе ги спроведе ветените реформи

Шојбле: Верувам дека Грција ќе ги спроведе ветените реформи

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Берлин, 1. март 2015 (ИНПРЕС) – Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека и` верува на грчката влада во врска со најавеното спроведување на ветените реформи.

Новата грчка влада на чело со Алекс Ципрас ја изрази својата подготвеност да ги спроведе реформите, кои имаат за цел намалување на државниот апарат и социјалните трошоци, како и зајакнување на борбата против корупцијата. Во овој поглед, Еврогрупата на 24-ти февруари ја изгласа финансиската помош за Атина во текот на следните четири месеци.

– Новата грчка влада доби широка поддршка од населението. Верувам дека грчките власти ќе ги преземат неопходните мерки за поефикасно спроведување на даночното и финансиско управување, изјави Шојбле во интервју за германски „Билд ам Зонтаг“.

Шојбле зборува позитивно и за министерот за финансии на Грција, Јанис Варуфакис и за премиерот Алексис Ципрас, нарекувајќи ги „образовани и компетентни“.

Министерот додаде дека грчката влада мора строго да ги исполнува условите поставени од Еврогрупата, истакнувајќи дека „Германија е подготвена да и` помогне на Грција во спроведувањето на даночната реформа“.

Берлин е главен кредитор на Грција, чиј вкупен долг е над 320 милијарди евра. Само во 2015 година, на Атина и` се потребни 21 милијарди евра за отплата на каматата на кредитите. Од 2008 година, како резултат на кризата, приходите на населението се намалија за 40%. (Крај)

извор: Билд ам Зонтаг фото: архива

Post navigation

Previous Генерал-потполковник Котески на прием од министерот за одбрана на БиХ
Next Луначек: Го поддржувам проширувањето на ЕУ, наспроти заморот што постои

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.