Солун, 7. јуни 2016 (ИНПРЕС) – По блокадата на железницата, нов удар за грчките трговци и извозници создава штрајкот на вработените на Солунското пристаниште.
Штрајкот против приватизацијата на компанијата започна во мај, а се реактивираше во четвртокот. Во Солун се заглавени 14 бродови, над 6000 контејнери со разни производи и стоки како никел, 70.000 тони цевки за трансјадранскиот гасово и 60 камиони, голем дел од нив и македонски, кои чекаат за истовар и товарење на бродовите.
Со ова се блокирани одново и увозот и извозот од Грција, а трговците и извозниците бараа штрајкот да се стопира и прогласи за нелегален. Пантелис Филипидис, претседател на Асоцијацијата на трговци на Солун за Телма вели дека имаат огромни штети и доцнења за домашниот и странскиот пазар. (Крај)
извор: Р.С.Европа фото: архива