October 27, 2015

Брисел, 27. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Самитот од минатата недела јасно покажа дека ситуацијата на Балканот е крајно загрижувачка, како со бегалците, така и на политички план, истакна во воведот на денешната расправа во ЕП за резултатите од неделниот самит во Брисел, претседателот на ЕП, Мартин Шулц.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск од своја страна пред европратениците нагласи дека „кризата со бегалците е земјотрес за европскиот политчки пејзаж“, за што сега се потребни „исклучителни одговори и жртвувања, за да се гарантира единството на земјите членки и на институциите, заедно да се раководи со кризата, ако не последиците ќе бидат катастрофални“. (Крај)

извор: МИА фото: архива