Белград, 7. август 2014 (ИНПРЕС) – Нема да има нормализација на односите со Косово, ако Приштина го игнорира Бриселскиот договор, изјавил директорот на српската Агенција за Косово, Марко Ѓуриќ.
– Сметаме дека не е можно да има понатамошна нормализација на односите, ако Приштина тајно ги игнорира обврските од Бриселскиот договор, изјави Ѓуриќ.
Според него ЕУ е еден вид гарант на договорот. (Крај)
извор: Beta фото: архива







