April 9, 2015

Приштина, 9. април 2015 (ИНПРЕС) – Претседателката на Косово Атифете Јахјага ги оценува како многу добри односите меѓу Македонија и Косово.

Таа истакна дека двете земји работат за иста агенда, агендата кон Европската Унија.

– Односите меѓу нашите земји се исклучително добри. Ние имаме многу добри соседски и пријателски односи. И Косово и Македонија имаат една интензивирана агенда за процесите на интегрирање не само во европските, туку и во други организации, изјави Јахјага во интервју за ТВ Арт Тетово, дополнувајќи дека двете земји имаат што да научат една од друга разменувајќи меѓусебни искуства. (Крај)

извор: 24 вести фото: архива