Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Јахјага – Ова е важен период за Косово

Јахјага – Ова е важен период за Косово

Приштина, 11. септември 2014 (ИНПРЕС) – Претседателката на Косово Атифете Јахјага изјави дека пред Косово е важен и одлучувачки период на воспоставување на институции кои ќе ја гарантираат демократијата.

Потребно е да се покаже политичка зрелост и демократска култура, истакна Јахјага.

– Брзото воспоставување на институциите ќе го гарантира демократското функционирање на државата и ќе ја покаже способноста за управување со кризи и подготвеноста сами да наоѓаме решенија кои ќе ги исполнат очекувањата на граѓаните да имаат напредна држава, одговорна и почитувана како дел од евроатланското семејство, изјави Јахјага.

Таа додава дека сите треба да научат дека „Уставот и законите ја чинат секоја држава и дека демократијата има правила кои мора да се почитуваат“.

– Решенијата треба да ги изнаоѓаат оние кои за тоа го добија гласот на народот и оние кои имаат одговорност пред гласачите и сите граѓани на Косово, додаде претседателката на Косово Атифете Јахјага. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous Бројни апсења во Босна и Херцеговина поради затајување на данок
Next Рускиот институт за Славистика ќе го истражува јазикот на Македонците во Албанија

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.