Приштина, 30. септември 2014 (ИНПРЕС) – Од кабинетот на претседателката на Косово Атифете Јахјага демантираат дека таа од САД го донела ковертот со името на консензуалниот премиер кој би бил прифатлив за сите.
Таа претходно разговарала со парламентарната Група Шест плус која ја сочинуваат пратениците на турската и бошњачката заедница, чиј претставник Махир Јагџилар изјави дека Групата ќе поддржи било кој од двајцата кандидати за претседател на Парламентот, само да се формираат државните институции.
Јахјага остварила средба и со лидерот на Движењето „Самоопределување“ Албин Курти и лидерот на Демократската партија на Косово Хашим Тачи. (Крај)
извор: Блиц фото: архива







