Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Ја нема веќе традицијата за прослава на Свети Спиридон – заштитникот на кондураџиите

Ја нема веќе традицијата за прослава на Свети Спиридон – заштитникот на кондураџиите

1 min read
Ја нема веќе традицијата за прослава на Свети Спиридон – заштитникот на кондураџиите

Охрид, 25. декември 2024 (ИНПРЕС) – Кондураџискиот е многу стар занает во Охрид и охридско, денешниот празник Свети Спиридон Чудотворец, заштитникот на кондураџиите во минатото масовно се одбележувал, но оваа традиција веќе ја нема.

Во минатото овој ден се одбележувал со бројни црковни и други обичаи и избор на кум, но последниве 20 години празникот не се слави масовно и онака како што би требало. Во градов има само четворица кондураџии од кои само јас сум православен христијанин, вели за Супер радио и InPress чевларот и претседател на Регионалната занаетчиска комора, Сашо Богоески.

– Порано имало многу кондураџии и масовно го славеле Св.Спиридон денот на кондураџиите. Знам дека бил грчки владика живеел на островот Крит и бил заштитник на кондураџиите, лекувал болни, особено умоболни. Прославите биле масовни и дедо ми учествувал. Но, денес бројката на кондураџии е многу мала, моментално во Охрид се само четворица, од кои само јас сум православен. Ида сакам да правам обичаи нема со кого да се собериме и да го одбележиме денот онака како што некогаш се прославувал, потенцира Богоески.

Моментално во комората се регистрирани околу 300 занаетчии во Охрид и Дебрца и тоа најмногу фризери, бербери и козметичари. Загрижува фактот што последниве години значително се намалени регистрациите на нови занаетчии, а за кондураџискиот може да се каже дека веќе е занает што изумира. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Се поставува Бадниковата пештера на Градскиот плоштад (Фото)
Next Продолжува празничната програма „Охридска новогодишна приказна“

Слични вести

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија
1 min read

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.