Приштина, 17. ноември 2015 (ИНПРЕС) – Јорданскиот крал Абдула II денеска ќе пристигне во официјална посета на Косово, пренесе електронското издание на српскиот весник Blic.
Тој ќе ја посети Приштина, на покана на косовскиот претседател Атифете Јахјага. Во рамките на посетата, освен со својот домаќин, Абдула II ќе се сретне и со премиерот Иса Мустафа. (Крај)
извор: Blic фото: архива