Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Белград, 1. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ во интервју за телевизијата N1 рече дека односите меѓу Србија и Хрватска се во стагнација.
На прашањето дали “се уште има пречки за неговата официјална средба со претседателот на Србија, Николиќ”, Јосиповиќ рече дека тие веќе “официјално биле исполнети и не постои пречка”, а редовно се среќаваат и на меѓународни конференции.
Посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Србија на крајот на октомври, Јосиповиќ ја оценува како „прашање на Србија и нејзините односи”, бидејќи државата е се уште во многу чувствителни односи меѓу Истокот и Западот, Русија, ЕУ, НАТО. (Крај)
извор: Бета фото: архива
