Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 12. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Нов ден, исти навики, повторно непрописно депониран отпад во сите урбани заедници низ градот.
Од ЈП „Охридски комуналец“ повторно посочуваат на проблемите со кои се соочуваат, велат само што ќе се подигне расфрлан, непрописно депониран отпад, потоа повторно никнува нова мини-депонија.
– Секојдневно нашите служби со вонредни активности за да се надминат проблемите што ги затекнуваме во секоја урбана заедница. Граѓаните редовно и транспарентно се информираат за акциите за подигнување кабаст и зелен отпад, согласно годишниот календар за 2024 година, но последиците од лошите навики сведочат на секој чекор, додаваат од претпријатието.
Повторно апелираат до граѓаните да се почитува динамиката на акции за подигнување кабаст и зелен отпад, а за сите информации да се јават на дежурниот телефон 075/495-428. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ЈП „Охридски комуналец“
