Приштина, 13. ноември 2015 (ИНПРЕС) – Косовскиот министер, задолжен за дијалогот со Белград, Едита Тахири ја отфрли можноста за прекин на преговорите во Брисел, пишува денеска српскиот весник Blic.
Според Тахири дијалогот мора да продолжи.
– Без разлика на пречките кои Србија ги постави за членство на Косово во УНЕСКО, дијалогот за нормализирање на односите треба да продолжи, рече Тахири. (Крај)
извор: Blic фото: архива