Атина, 10.ноември 2015 (ИНПРЕС) – Грчкиот Парламент го усвои предлогот поднесен од страна на претседателот на Парламентот, Никос Вуцис за намалување на бенефициите и привилегиите на поранешни премиери, парламентарни спикери и шефови на парламентарни групи.
Предлогот беше одобрен од сите партии освен од Златна зора и предвидува, меѓу другото, постепено укинување на повеќе од 40 вработени кои работат за поранешните претседатели на парламентот, премиерите и шефовите на парламентарните групи, како и преместување на канцелариите на оние кои не биле реизбрани како пратеници на локации надвор од главната зграда.
– Почнуваме динамична дебата за правилниците на Собранието која ќе заврши во текот на летото и ќе има за цел зголемување на транспарентноста и модернизација на Парламентот – изјави Вуцис.
Постапката се очекува да заврши во 2016 година.(Крај)
извор:МИА фото:архива







