Охрид, 22. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Под мотото „Од нашите раце за топли срца” денеска во ОУ „Братство Единство“ се одржа базар на традиционална и здрава храна, во рамки на Недела на борба против гладта (16 – 22 октомври).
Организатори беа наставниците, учениците и родителите од одделенска настава на албански наставен јазик.
Целта на оваа активност, како што соопштија од училиштето е да се развие чувството на солидарност, грижа и општествена одговорност кај нашите деца, како и поддршка за учениците на кои им е потребна помош. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива