Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Божиновски: Со чесност, работа и истрајност да продолжиме да го градиме Охрид

Божиновски: Со чесност, работа и истрајност да продолжиме да го градиме Охрид

1 min read

Охрид, 3. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Со чесност, работа и истрајност да продолжиме да го градиме Охрид, порача на денесшната прес конференција носителот на советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ за претстојните локални избори, Перчо Божиновски.

Заложбата на Советот на Општина Охрид и советниците ќе биде поддршка на 10 приоритетни проекти за општината како дел од програмата на идниот градоначалник Кирил Пецаков – модерна општинска инфраструктура, локална стратегија за економски силна општина, општината во дигитална ера, инвестираме во спорт и во здрави навики, зелена, чиста и енергетски ефикасна општина, поддршка и промоција на локалниот туризам, културата и културните настани, како и реализација на вистинските идеи од охриѓани за добробит на сите, рече Божиновски.

– Ова е избор дали ќе останеме исправени и ќе одиме напред или ќе дозволиме да не вратат назад, таму каде што се губеше надежта и се рушеше довербата. За победа уште во првиот круг на Кирил Пецаков и освојување на мнозинството во Советот на Општината. Со чесност, со работа и со истрајност. Времето на Охрид и Македонија допрва доаѓа, потенцира Божиновски.

Истакна дека претендентите за советничко столче кои се дел од листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ се чесни, вредни и посветени луѓе кои работат за доброто на Охрид и охриѓани, кои не ветуваат чуда, туку макотрпна работа и одговорност. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Пецаков: Градот не смее да застане, новата изборна програма е со визија за модерен, дигитален, економски силен и зелен Охрид
Next Повторно функционира паркингот на кеј „Македонија“

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.