Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • „Вечер на класичен балет“ во организација на студиото за танц „Соната“

„Вечер на класичен балет“ во организација на студиото за танц „Соната“

1 min read

Охрид, 3. октомври 2025 (ИНПРЕС) – „Вечер на класичен балет“ е насловена танцовата претстава што ќе се одржи вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Настанот е кулминација на цела една година посветена работа, под водство на професионална балерина Оливера Костова, специјализирана во светски познатата Ваганова академија во Санкт Петербург.

– Оваа претстава не е само уметнички израз, таа е продолжение на традицијатa на најстарата школа за танц со сопствен печат во Македонија, која со години го негува класичниот балет и го пренесува на нови генерации со љубов, дисциплина и страст. Бидете дел од оваа вечер исполнета со грациозност, емоција и уметност, што ја реализираме со поддршка од Општина Охрид, велат од „Соната“.

Потенцираат дека нивните ученици редовно освојуваат први места на реномирани танцови натпревари, претставувајќи ја школата со достоинство и извонредност, додавајќи дека „Вечер на класичен балет“ е нивниот момент да блеснат пред домашната публика и да ја споделат магијата што ја создаваат на сцена.
Претпремиерата на танцовата претстава е со почеток во 18:00 часот и влезот ќе чини 100 денари, додека премиерата е од 19:30 часот за кога влезницата чини 150 денари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Mакедонската репрезентација во традиционално таеквондо ќе учествува на Светско првенство во Италија
Next Вечерва интерактивен концерт за најмладите со Стела и Сани

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.