Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во Белград прогласена вонредна состојба

Во Белград прогласена вонредна состојба

1 min read

Белград, 3. јули 2020 (ИНПРЕС) – Градоначалникот на Белград Зоран Радојчиќ, на предлог на Штабот за вонредни ситуации, донесе одлука за прогласување вонредна ситуација, која стапува во сила денеска. Вонредната ситуација се воведува поради спроведување на превентивни заштитни мерки и заштита на животите на населението во услови на пандемијата на ковид-19.

Белградскиот градоначалник прецизираше дека Одлуката се носи поради спроведување на процедурата за воведување на три нови мерки, со цел спречување на ширењето на ковид-19.

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа ги најави трите мерки, со кои се предвидува ноќните клубови, сплавовите и кафулињата што немаат тераси во Белград да бидат затворени на две недели во периодот од 23 часот до 6 часот наутро. Тој додаде дека парично ќе бидат казнети лицата кои нема да носат заштитни маски во трговските центри и јавниот градски и меѓуградски превоз. Ќе бидат затворени и студентските домови затоа што голем број студенти се заразени.

Бројот на луѓе собрани во затворено ќе биде ограничен на 100, на растојание и со маски, а на отворено на 500 лица.

Ситуацијата во Белград е најпроблематична затоа што 82,5 проценти од сите заразени се регистрирани во главниот град на Србија. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

Post navigation

Previous Училиштата да ги откажат патувањата во Италија, апелираат хрватските власти
Next Македонските државјани од утре може да влезат во Србија само со негативен ПЦР тест

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.