Охрид, 10. декември 2025 (ИНПРЕС) – Во месец октомври во Охрид биле издадени 6 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија.
Од нив две се на физичко лице, а четири на правен субјект. Сите одобренија се издадени на физичко лице. Предвидена е градба на 109 станови, најмногу двособни, со вкупна корисна површина од 6.195 м². Во анализираниот период во општина Струга е издадено едно, додека во Дебрца две одобренија.
На ниво на Република Македонија, во октомври 2025 година издадени се 446 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 289 се наменети за објекти од високоградба, 68 за објекти од нискоградба и 89 за објекти за реконструкција. Од вкупно 446 објекти, на 247 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 199 инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1.177 станови, со вкупна корисна површина од 101.286 м². (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
