Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Доделени „Оскарите“, најдобaр филм е „Anora”

Доделени „Оскарите“, најдобaр филм е „Anora”

1 min read

Лос Анџелес, 3. март 2025 (ИНПРЕС) – Свеченоста за 97-то доделување на „Оскарите“ се одржа утрово во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Американската Академија за филмски уметности и науки донесе одлука дека филмот „Анора” (Anora) е најдобриот во изминатата година, кој од вкупно шест номинации, освои пет.

Независниот филм „Анора” ги доби признанијата за најдобар филм, женска главна улога (Мајки Медисон), монтажа, како и наградите за најдобра режија и оригинално сценарио, коишто му припаднаа на Шон Бејкер.

Статуетката за главна машка улога отиде кај брилијантниот Адријан Броди за остварувањето „Бруталист“ коешто ја има и најдобрата кинематографија.

Најдобри споредни глумица и глумец, соодветно, се Зои Салдања (за филмот „Емилија Перез“) и Кијеран Калкин („Вистинска болка“).

„Злобница“ (Wicked) ja има најдобрата костимографија, „Субстанција“ (The Substance) – најдобра шминка, а „Дина 2“ – најдобри звучни и визуелни ефекти.

Најдобро адаптирано сценарио има филмот „Конклава“.

„Оскарот“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, го доби „Сѐ уште сум тука“ (Ainda Estou Aqui) продуциран во Бразил и Франција.

Најдобра филмска песна е „El mal“ на Клемен Дукол, од „Емилија Перез“.

Најдобар цртан филм, според американската Академија, е „Течение“ (‘Straume’, ‘Flow‘). Најдобар краток филм е „Не сум робот“. Најдобар краток цртан филм е „Во сенката на чемпресот“.

Најградата за документарен филм отиде кај „Нема друга земја“ (No Other Land), во палестинско-норвешка со-продукција, како што стои во описот на филмот.

Најдобар краток документарец е „Единственото девојче во оркестарот“.

Овогодинешото шоу го водеше комичарот и водител Конан О’Брајан. (Крај)

извор: Сител фото: архива

Post navigation

Previous Предавање на тема „Дијабетично стапало, дијагноза и превенција“ утре во охридската библиотека
Next Од меѓународниот аеродром во Тирана може да се патува со електронски билет

Слични вести

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот
1 min read

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват
1 min read

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.