Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Скопје, 25. ноември 2016 (ИНПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 25.11.2016 година регистрира земјотрес со епицентар во Република Грција.
– Земјотресот се случи во 02:25 часот со Рихтерова локална магнитуда од 3.0. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во јужните делови на Република Македонија со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива
