Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ИЈЗ: Минатата недека пријавени 511 случаи на грип, Охрид во групата со помалку од 50 заболени

ИЈЗ: Минатата недека пријавени 511 случаи на грип, Охрид во групата со помалку од 50 заболени

1 min read
ИЈЗ: Минатата недека пријавени 511 случаи на грип, Охрид во групата со помалку од 50 заболени

Охрид кеј Македонија сонце гужва бродови катамарани

Скопје/Охрид, 4. април 2025 (ИНПРЕС) – Во текот на 13-та недела од 2025 година (од 24-ти до 30-ти март) во Република Македонија се пријавени 511 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, за 39,1% помалку во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од нив 291 лица се на возраст од 15-64 години, 96 кај деца на возраст од 5-14 години, 84 кај лица на возраст над 65 години и 40 кај деца на возраст од 0-4 години.

– Заболените се пријавени од 20 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 198, Тетово – 67, Гостивар – 51, а во останатите, бројот на заболени е ≤ 50. Во 9 извештајни единици се регистрира многу ниска, во 10 – сезонска, а во една средна активност на вирусот на грип, стои во извештајот.

Според картограмот, на подрачјето на ЦЈЗ Охрид активноста на грипот е сезонска.

Во сезоната 2024/2025 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 25.011. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 72,6%. Најмногу заболени сезонава се регистрирани во февруари.

Заклучно со 13. недела, во Република Македонија се вакцинирани вкупно 72 294 лица со бесплатна или комерцијална вакцина. (Крај)

извор: ИЈЗ фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Тече пријавувањето за вториот турнир во мал фудбал „Св.Никола“ во Требеништа
Next Новите американски царини погодија и остров на пингвини што една година не е посетен од луѓе

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.