Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ИЈЗ: Минатата недела пријавен 91 нов случаи на грип, во Охрид не се регистрирани заболени

ИЈЗ: Минатата недела пријавен 91 нов случаи на грип, во Охрид не се регистрирани заболени

1 min read

Охрид, 28. ноември 2025 (ИНПРЕС) – За една недела, во периодот од 17-ти до 23-ти ноември 2025 година, во Република Македонија се пријавени 91 случај на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грип, за 22,2% помалку со минатата недела се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од нив 71 лице се на возраст од 15-64 години, 13 лица на возраст над 65 години, 7 деца на возраст од 5-14 години и нема регистрирани случаи на возраст од 0-4 години.

– Заболените лица оваа недела се регистрирани во Гостивар – 35, Тетово – 13, Штип и Струмица – по 11, а во Куманово, Прилеп, Скопје, Радовиш, Неготино, Кавадарци и Свети Николе се регистрирани помалку од 10 случаи. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, стои во извештајот.

Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 662. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 70,2%.

Од 16 октомври започна да се спроведува бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи граѓани, а интересот е голем. Досега на ниво на Република Македонија со бесплатна вакцина се имунизирани вкупно 75.115 лица од ризичните категории. Покрај тоа набавени се и 2.400 дози комерцијални вакцини за останатото население и досега се имунизирани 1.894 лица.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Културата расте со децата „За сите деца“: Денес ќе се игра детската претстава „Рибарот и златната рипка“
Next Следната недела Охрид домаќин на работилница за син и циркуларен туризам

Слични вести

Од 15 април до 20 мај, Wizz Air ќе лета три пати неделно од Штутгарт до Охрид Од 15 април до 20 мај, Wizz Air ќе лета три пати неделно од Штутгарт до Охрид
1 min read

Од 15 април до 20 мај, Wizz Air ќе лета три пати неделно од Штутгарт до Охрид

Хуманитарен интеркултурен настан „Сите осудуваме, ајде да зборуваме за тоа” Хуманитарен интеркултурен настан „Сите осудуваме, ајде да зборуваме за тоа”

Хуманитарен интеркултурен настан „Сите осудуваме, ајде да зборуваме за тоа”

Укината е забраната за пиење на водата од четири артериски чешми во Охрид Укината е забраната за пиење на водата од четири артериски чешми во Охрид
1 min read

Укината е забраната за пиење на водата од четири артериски чешми во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.