Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Македонија
  • Извештај од Дримската конференција: Зајакнати капацитети за управување со дримскиот басен

Извештај од Дримската конференција: Зајакнати капацитети за управување со дримскиот басен

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Приштина/Охрид/Струга, 16. декември 2016 (ИНПРЕС) – На петтата годишнина од потпишувањето на Маморандумот за заедничка визија на Дримскиот басен и првата година од започнувањето на ГЕФ Дримскиот Проект, повеќе од 120 преставници се собраа во Приштина како индикатор на силен моментум за дримскиот процес во оваа година.

Операционализацијата на ГЕФ Дримскиот проект и имплементацијата која во насредните 4 години тежи 5.5 милиони долари, овозможува критичен напредок на прекуграничната соработка за управување со дримскиот басен.

– Посветени сме да го кренеме нивото на управување на водените и природните ресурси во Дримскиот басен како придобивка за идните генерации. Дримскиот проект е значаен политички, научен и управувачки процес со потенцијал да донесе значајни резултати. Конференцијата е рефлекција за зајакнатите капацитети во сите земји од дримскиот басен околу координитраното управување со басенот. Ние треба да го искористиме овој момент да изградиме база за напредок. Размената на гледиштата ќе придонесе за подлабоко разбирање на перцепцијата на заинтересираните субјекти нивните приоритети и очекувања од процесот, потенцираше Стево Темеловски, заменик министер за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.

drimskakonferencija3

Претставниците од меѓународните организации дискутираа за тековните и планираните активности за подготовка на План за управуваање во Дримскиот басен како и за можностите за координирана акција за управување со заштитените подрачја во Басенот и суб басените.

Главната цел на работењето во Дрим Корда и ГЕФ Дримскиот Проект е да се подигне управувањето надвор од суб басените во согласност со хидролошката поврзаност на Дримскиот басен. Ова ќе води од делење на водите помеѓу државите и евентуалните конфликти до делба на придобивките помеѓу заинтересираните страни кои физички, културно и историски се поврзани. Отворањето на потенцијалите за координирано управување ќе води до минимизирање на ризиците, управување со поплавите и ќе има позитивен ефект на екосистемот и на добар дел од економските сектори.

Четвртата Дримска Конференција организирана заедно со 12-от состанок на Дрим Кор групата и 3-от состанок на Експертските работни групи. Заинтересираните страни имаат централна улога во етаблирањето на координираната акција во Дримскиот басен. Оваа 4-та Конференција следеше после настаните на регионално ниво во 2011, 2013 и 2015 година. Следните конференции на заинтересираните страни ќе се одржуваат во рамките на ГЕФ Дримскиот Проект еднаш годишно. (Крај)

извор: Инпрес фото: Дрим Кор

Post navigation

Previous Николиќ: Србија ѝ пружа рака на Хрватска
Next Земјотреси низ цел Балкан

Слични вести

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

За една недела во Охрид регистрирани 142 заболени од грип – и натаму се бележи многу висока активност на вирусот
1 min read

За една недела во Охрид регистрирани 142 заболени од грип – и натаму се бележи многу висока активност на вирусот

Нови четири услуги од Фондот за здравство достапни на интернет
1 min read

Нови четири услуги од Фондот за здравство достапни на интернет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.