Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • МТТФ освои 22 медали на „Србија Опен 2025“, доминација на браќата Божидар и Владимир Димитриевиќ во четири тежински категории

МТТФ освои 22 медали на „Србија Опен 2025“, доминација на браќата Божидар и Владимир Димитриевиќ во четири тежински категории

1 min read

Охрид, 9. декември 2025 (ИНПРЕС) – Доминација на браќата Божидар и Владимир Димитриевиќ во четири тежински категории на Меѓународниот Таеквон-до ИТФ „А“ класа натпревар „Србија Опен 2025“, што се одржа во Нови Сад.

Во кокуренција од над 400 натпреварувачи од 8 земји, Македонска традиционална таеквондо федерација (МТТФ) ја претставуваа 25 натпреварувачи и 4 судии од клубовите членки „ХВА РАНГ ИТФ” од Лескоец, „Мастер” – Охрид, „Сонкал” од Мислешево и „Ге-Бек“ од Ресен, под водство на националните тренери Марјанчо Лазаревски и Саша Поповски.

– Очекувавме добри резултати од овој натпревар, но браќата Димитриевиќ направија несекојдневен подвиг. Успехот на овие двајца спортисти ќе има големо влијание на помладите натпреварувачи, бидејќи им покажуваат што значи упорност, дисциплина и посветеност на тренингот. Одлично е што дури и во тешките категории како -92 кг и +92 кг, Божидар успеа да го развиори Македонското, додека Владимир со силни настапи против светски и европски шампиони покажал дека е подготвен да атакува на врвот. Тројца наши натпреварувачи си ја пробуваа среќата и во потешка категорија. Божидар Димитриевиќ натпреваруваше во сениорска категорија –  92 кг.и +92 кг, Владимир Димитриевиќ се натпреваруваше во сениорска категорија –  78кг.и -85 кг, кој во финале во неговата категорија -78 кг, се сретна со актуелниот светски вицешампион од Бугарија, Димитар Величков, покажувајќи извонредна борба победувајќи го убедливо.

Климент Богоески се натпреваруваше во две тежински категории вомладинска конкуренција  -63, и -69  кг, изјави претседателот на МТТФ Марјанчо Лазаревски.

Клубовите од МТТФ освоија вкупно 22 медали (7 златни, 4 сребрени и 11 бронзени), што го потврдува квалитетот на подготовките и стручниот тим.

Освоени медали по клубови

„Хва-Ранг ИТФ“ (Лескоец – Охрид),

Теодора Митреска

  • 1 место – форми, Сениори  (борба со замислен противник, црвен појас (18–34 години)
  • 2 место – борби, Сениори -67кг (18–34 години)

Теодора Тодороска

  • 1 место – форми, младинки (борба со замислен противник, Плав појас (16– 17 години)
  • 3 место – борби, младинки -64 кг (16–17 години)                                                                                                                                    Анастасија Чулческа
  • 1 место – форми, младинки (борба со замислен противник), Зелен појас (16– 17 години)
  • 3 место – борби, младинки -58кг (16–17 години)                                                                                                                                     Миа Танеска
  • 1 место – борби, Кадетки  +55кг  (12– 13 години)
  • 2 место – форми, Кадетки (борба со замислен противник), Црвен појас (12–13 години). (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous До крајот на неделава прекини во водоснабдувањето на улицата „Петар Поп Арсов“
Next Пица мајсторот од светски калибар Дејан Трајанов – Чеде освои седум медали на шампионати во Бугарија и Србија

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.