Охрид, 5. декември 2025 (ИНПРЕС) – Теквондисти од Македонска традиционална таеквондо федерација (МТТФ) ќе учествуваат на Меѓународниот таеквондо ИТФ А класа натпревар „Србија Опен 2025“ што викендов ќе се одржува во Нови Сад, Србија.
МТТФ под водство на националните тренери Марјанчо Лазаревски и Саша Поповски ќе ја претставуваат 25 натпреварувачи и 4 судии од клубовите членки „ХВА РАНГ ИТФ” од Лескоец, „Мастер” – Охрид, „Сонкал” од Мислешево и „Ге-Бек“ од Ресен.
Од федерацијата се надеваат дека нивните избраници ќе постигнат одлични резултати и нови спортски достигнувања. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
