Охрид, 16. јули 2025 (ИНПРЕС) – По традиција на празникот Илинден ќе се одржи 46. Илинденски пливачки маратон во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008″ од Oхрид.
Како и секоја година трката започнува од плажата Горица (Кај Дивоно) до кејот на Охридското Њзеро (пред хотел „Нова Ривиера”). Патеката е во должина од 2,5 км.
Пливачите се поделени во две категории и тоа 15 години и помали, но не помали од 10 години, и од 16 до 35 години.
– Патеката ќе биде обезбедена со медицински и спасувачки екипи на Црвен Крст Охрид, а за регуларноста на трката ќе се погрижат два судиски тимови. На сите учесници им посакуваме мирно езеро и многу среќа, велат организаторите.
Првиот старт ќе започне во 10:30 часот, додека вториот ќе започне во 11:30 часот.
Котизација за учество е 1200 денари. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
