Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Белград, 13. декември 2016 (ИНПРЕС) – Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека Србија јасно го има зацртано својот европски пат и нема да одговори на провокациите, додавајќи дека Србија ѝ пружа рака на Хрватска и ја повикува на разговор.
По повод хрватската блокада на отворањето на поглавјето 26 во преговорите помеѓу Србија и ЕУ, Николиќ, на состанокот на министерскиот совет на Организацијата за црноморската економска соработка (БСЕЦ) во Белград, изјави дека во Хрватска „како да се натпреваруваат кој повеќе ќе ѝ наштети на Србија или ќе ја навреди“.
Србија во Брисел ќе отвори две нови поглавја во преговорите со ЕУ, 5 и 25 кои ќе се однесуваат на јавни набавки, наука и истражување. Поглавјето 26 кое се однесува на културата и на образованието, иако се очекувало, нема да биде отворено, поради блокадата на Хрватска поради што премиерот Александар Вучиќ одлучи да не присуствува на меѓувладината конференција. (Крај)
извор: Мета фото: архива
