Охрид, 26. февруари 2025 (ИНПРЕС) – ЈП „Водовод“ Охрид започна со изведба на нова водоводна линија на дел од улицата „Вис“ во село Велгошти.
Оттаму информираат дека се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 155 метри, со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
